Почитувани, нека е честит и вековит Денот на рударите.
Денеска на Денот на рударите 28 август испраќам честитка но и благодароност до седумстотини рудари кои работат овде во рудникот САСА во Македонска Каменица, но и до сите кои се бават со оваа важна и тешка професија.
Почитувани рудари, вашата макотрпна и благородна работа за сите нас е мотив да работиме уште повеќе напорно и посветено во ваш интерес, во интерес на сите граѓани.
СДСМ во изминатите три години покажа што значи вистинска грижа за рударите и рударството како значајна индустриска гранка во нашата економија.
Ја намаливме старосната граница за пензионирање и со тоа исправивме долгогодишна неправда. Денес,со законските измени, рударите во пенизја заминуваат на околу 50 годишна возраст, наместо на 58 години возраст како претходно.
Тоа е фер пристап кој оддава достојно признание, но и дава шанси за младите во оваа важна професија.
Како одговорна партија предводник на новата Влада подготвени сме и мотивирани во следните четири години, да работиме уште повеќе за да биде уште подобро и за рударите и за сите граѓани на нашата татковина.