Загина 28 годишен тракторист на Галичица
На 25.09.2020 околу 13:50 часот на шумски земјен пат на место викано „Буква М“, на планината Галичица, П.Р.(28) од Охрид, додека се движел со трактор, изгубил контрола, се превртел и починал на местото на незгодата.
Од екипа на Итна медицинска помош била констатирана смрт. Увид извршила екипа од СВР Охрид.