22/11/2024
Охрид

Зајакнати акциски контроли во сообраќајот во Охрид

Изминатиот викенд, на подрачјето на СВР Охрид, беа извршени зајакнати акциски контроли во сообраќајот во однос на прекршоци кои ги прават возачи на мотоцикли.

Притоа, било констатирано дека 03 возачи управувале мотор без возачка дозвола (Охрид-01, Струга-01 и Дебар 01), а 17 возачи на мотор не носеле заштитен шлем (Охрид-05, Струга 06, Кичево-03 и Дебар-03. Еден возач во Струга, управувал мотор под дејство на алкохол и бил исклучен од сообраќај.

По овие одредби од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, полициските службеници издале вкупно 14 прекршочни платни налози (Охрид-05, Струга-02, Кичево-03 и Дебар-о4)

Акцискате контроли беа спроведена со цел подигнување на степенот на безбедност во сообраќајот и доследно почитување на одредбите од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата.