Закажана 16-та седница на Советот на општина Дебрца
Претседателот на Советот на општина Дебрца, Петре Голабоски ја закажа 16-та седница на Советот на општината Дебрца. Седницата ќе се одржи на ден 31.10.2018 година (среда), со почеток во 13:00 часот, во салата за седници на Советот на општината Дебрца.
За седницата предложен е следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на Записникот од 15-та седница на Советот на општина Дебрца.
- Предлог – Одлука за доделување на еднократна парична помош
- Предлог – Одлука за давање согласност на кварталниот извештај за работењето на ЈП за комунална дејност „Дебрца“ за периодот од 01.01.2018 година-31.03.2018 година
- Предлог – Одлука за давање согласност на кварталниот извештај за работењето на ЈП за комунална дејност „Дебрца“ за периодот од 01.04.2018 година-30.06.2018 година
- Советнички прашања