30/11/2024
Дебрца

Закажана 23-та седница на Советот на општина Дебрца

Претседателот на Советот на општина Дебрца, Петре Голабоски, донесе Решение за свикување на 23-та седница на Советот на општината Дебрца.

Седницата ќе се одржи на ден 30.05.2019 година (четврток), со почеток во 13:00 часот, во салата за седници на Советот на општината Дебрца.

За седницата предложен е следниот:   

Д Н Е В Е Н     Р Е Д 

  1. Усвојување на Записникот од 22-та седница на Советот на општина Дебрца
  2. Предлог – Одлука за усвојување на интегриран план за локален развој на општина Дебрца 2019-2022
  3. Предлог – Одлука за давање согласност на кварталниот извештај за работењето на ЈП за комунална дејност „Дебрца“ за период од 01.07.2018 година-30.09.2018 година
  4. Предлог – Одлука за давање согласност на кварталниот извештај за работењето на ЈП за комунална дејност „Дебрца“ за период од 01.10.2018 година-31.12.2018 година
  5. Предлог – Одлука за давање согласност на Годишниот извештај за 2018 година на ЈП за комунална дејност „Дебрца“ за периодот од 01.01.2018 година до 31.122018 година
  6. Предлог – Одлука за давање согласност на Статусни промени на Статутот на ЈП за комунална дејност „Дебрца“ с.Белчишта
  7. Предлог – Одлука за усвојување на извештај за вкупниот договорен износ по доверители за финансирање на доспеани, а неплатени обврски на општина Дебрца и единки корисници до 30.09.2018 година
  8. Предлог – Одлука за усвојување на извештајот за остварување на Буџетот на општината Дебрца за период од 01.01.2019 до 31.03.2019 година
  9. Предлог – Одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општина Дебрца за 2019 година
  10. Предлог – Статутарна одлука за дополнување на Статутот на општина Дебрца
  11. Предлог – Одлука за дополнување на Деловникот на Советот на општина Дебрца
  12. Предлог – Одлука за утврдување на потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за вклопување и усогласување на намената на бесправно изградениот објект со намената на земјиштето (КП бр. 137/7 КО Оровник)
  13. Предлог – Одлука за утврдување на потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за вклопување и усогласување на намената на бесправно изградениот објект со намената на земјиштето (КП бр. 728 КО Злести)
  14. Предлог – Одлука за утврдување на потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за вклопување и усогласување на намената на бесправно изградениот објект со намената на земјиштето (КП бр. 830 КО Злести)
  • Советнички прашања