Закажана шестата седница на Советот на општина Охрид
Шестата седница на Советот на општина Охрид е закажана за 29.01.2018 година (понеделник) со почеток во 11:00 часот, со следниот Дневен ред:
Усвојување на Записниците од 4. и 5. седница.
1. Предлог – одлука за разрешување и именување членови во Надзорниот одбор на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ – Охрид.
2. Предлог – одлука за разрешување и именување членови во Управниот одбор на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ – Охрид.
3. Предлог – одлука за разрешување и именување членови во Училишниот одбор на ОУ „Св.Климент Охридски“ – Охрид.
4. Предлог – одлука за разрешување и именување членови од Училишниот одбор на ОУ „Ванчо Николески“ с.Лескоец.
5. Предлог – одлука за разрешување и именување членови од Училишниот одбор на ОМУ „Методи Патче“ – Охрид.
6. Предлог – одлука за разрешување и именување членови од Училишниот одбор на ОУ „Живко Чинго“ с.Велгошти.
7. Предлог – одлука за разрешување и именување членови од Училишниот одбор на ОУ „Христо Узунов“ – Охрид.
8. Предлог – одлука за разрешување и именување членови од Училишниот одбор на ОУ „ Григор Прличев“ – Охрид.
9. Предлог – одлука за разрешување и именување членови од Училишниот одбор на ОУ „ Братство – единство“ -Охрид.
10. Предлог – одлука за разрешување и именување членови од Училишниот одбор на ОУ „Кoчо Рацин“- Охрид.
11. Предлог – одлука за разрешување и именување членови од Училишниот одбор на ОУ „Св.Наум Охридски“ с. Пештани.
12. Предлог – одлука за разрешување и именување членови од Училишниот одбор на ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ – Охрид.
13. Предлог – одлука за разрешување и именување членови од Училишниот одбор на ОСУ „Св. Климент Охридски“ – Охрид.
14. Предлог – одлука за разрешување и именување членови од Училишниот одбор на ОУТУ „ Ванчо Питошески“ – Охрид.
15. Предлог – одлука за разрешување и именување членови од Училишниот одбор на Средното општинско стручно училиште „Свети Кирил и Методиј“ – Охрид.
16. Предлог – одлука за организирање одделни услуги од дејноста на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ – Охрид во дел од просториите на Подрачното училиште Рача при ОУ „Григор Прличев“ – Охрид.
17. Предлог – одлука за спроведување мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги.
18. Предлог – одлука за формирање Штаб за заштита и спасување.
19. Предлог – одлука за одобрување финансиски средства за материјално- финансиска поддршка на спортски клубови на подрачјето на општина Охрид за 2018 година.
20. Предлог – одлука за предлагање за прогласување на чинарите во поширокото градско подрачје во општина Охрид и кочеџикот во дворот на црквата Св.Богородица Перивлепта во категорија – споменик на природата.
21. Предлог – програма за поставување урбана опрема на подрачјето на општина Охрид за 2018 година.
22. Предлог – одлука за утврдување на висината на надоместокот за поставување урбана опрема во општина Охрид за 2018 година.
23. Предлог – одлука за донесување предлог – детален урбанистички план за УЗ.16, дел од блок 16.1 – опфат 2, општина Охрид, плански период 2013–2018.
24. Предлог – одлука за утврдување нацрт – детален урбанистички план за УЗ. 2, УБ. 2.3 – опфат 5, општина Охрид, плански период 2013–2018.
25. Предлог – одлука за изменување на одлуката за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација за усогласување на намената на земјиштето на КП.бр.3374 КО Охрид 4.