Заменик – министерот Лазовски во Сараево и Загреб, јакне регионалната соработка
Заменик – министерот за култура на Република Македонија, Владимир Лазовски престојуваше во работна посета во Сараево, Босна и Херцеговина и во Загреб, Република Хрватска. Лазовски присуствуваше на состанок на Советот на министри за култура на Југоисточна Европа – КОМОКОСЕ и оствари средби за унапредување на регионалната културна соработка…
Заменик – министерот Лазовски беше дел од работниот состанок на Советот на министри за култура на Југоисточна Европа – КОМОКОСЕ, што се одржа неделава во Сараево. Советот дискутираше за начините на интензивирање на културната размена и соработката помеѓу земјите во регионот.
При посетата во Загреб, тој оствари билатерална средба и со министерката за култура на Република Хрватска, Нина Обуљен – Коржинек. На средбата, Лазовски и Коржинек ја потврдија досегашната соработка на двете земји и се сложија за продлабочувањето на соработката и за што е можно повеќе билатерални и мултирални средби.
Заменик – министерот Лазовски изрази благодарност на до министерката Коржинек и хрватското Министерство за култура за поддршката при основањето на Координативниот центар за културна соработка во рамки на Иницијативата „16+1“ на земјите од Централна и Источна Европа и НР Кина.
За време на престојот во Загреб, Лазовски беше гостин и на премиерата на претставата „Ричард Трети“ во режија на македонскиот режисер Александар Поповски, која се одржа во Театарот „Гарела“.