25/11/2024
Македонија

Заплена на марихуана на ГП Деве Баир

На граничниот премин Деве Баир, царинските службеници спречија уште еден обид за шверц на наркотични дроги. Откриено е и спречено е криумчарење на околу 10 килограми марихуана.

На 27 март 2018 година за излез од државата се пријавило патничко моторно возило со албански регистарски таблички, управувано од албански државјанин. Возилото е селектирано за царинска контрола и по извршениот преглед на возилото, во внатрешноста на возилото, во специјално направени бункери, биле пронајдени 16 пакувања со непозната зеленкаста материја. При проверка со  тестер за дрога утврдено е присуство на ТХЦ (tetrahydrocannabinol), што индицира дека непознатата растителна материја е наркотична дрога марихуана. 

По преземање на случајот од страна на инспекторите од Одделението за истраги при Царинската управа, а по наредба на јавен обвинител, непознатата растителна материја веднаш беше доставена на вештачење со кое се утврди дека станува збор за марихуана.

Царинската управа на Република Македонија до надлежното Основно јавно обвинителство против осомничениот поднесе кривична пријава, поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори “. 

Судијата на претходна постапка на осомничениот му изрече мерка притвор во траење од 30 дена.