Запленета марихуана, приведени тројца дилери од охридско
На 02.11.2020 во с. Долно Лакочереј, охридско, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Охрид во координација со Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи ги лишиле од слобода К.А.(33), А.Н.(33) и С.К.(33), сите од Охрид, со место нa живеење во село Долно Лакочереј, охридско. При претрес во нивните домови во село Долно Лакочереј, извршени со судска наредба, полициски службеници пронашле и одзеле марихуана и стебла од растението Канабис сатива. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик.