Запленети 22 часовници вредни 272 илјади денари
Царинските службеници на Меѓународен Аеродром Скопје при контрола на куферите на еден патник од Турција открија дури 22 часовници од брендот „Ника“ во вкупна вредност од 272 илјади денари кои патникот не ги пријавил при влез во државата.
Патникот кој пристигнал со лет од Истанбул, саатчија по професија, на прашање на царинските службеници дали има нешто за пријавување одговорил дека нема ништо по што бил упатен на контрола со скенер.
Часовниците се запленети, а против патникот ќе биде поведена прекршочна постапка.
WebOhrid / 05.06.2024 / Царинска управа