25/11/2024
Македонија

Запленети 50 килограми марихуана

Секторот за внатрешни работи Струмица до ОЈО Струмица, поднесе кривична пријава, против К.К (26) од с.Селемли, општина Богданци и Д.Т (33) од с.Владевци, општина Василево, како и против уште едно, засега непознато лице, поради постоење основано сомневање дека пријавените го сториле кривично дело – “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, казниво по член 215 од КЗ на РМ.

Имено, врз основа на добиени оперативни сознанија за недозволена трговија од страна на соодветните служби при СВР Струмица завчера и вчера (08 и 09.07) беа превземени координирани активности и мерки за расчистување на случајот. Така вчера (09.07.) во раните утрински часови, односно околу 03,30 часот на локација од патниот правец Струмица- с. Добрашинци, затекнат е второпријавениот Д.Т. при што кај истиот од страна на полициски службеници биле пронајдени околу 50 килограми опојна дрога марихуана, која што тој претходно ја примил од првопријавениот К.К. По ова Д.Т. е лишен од слобода и приведен во полициска станица. Истовремено, од превземените мерки и активности утврдено е дека дрогата била доставена од Скопје, од засега непознато лице кое што управувало патничко моторно возило “VW-Phaeton“ со чешки регистарски таблички. Во моментов од страна на СВР-Струмица се преземаат дополнителни и интензивни активности за лоцирање и лишување од слобода на првоосомничениот К.К., како и на идентификување на непознатото лице, возач на возилото, коешто, пак, е веќе пронајдено во Кратово и предадено за крим-техничка обработка.

https://www.youtube.com/watch?v=6Z_UrzF9jXQ