23/11/2024
Македонија

Запленети над 55.000 парчиња пиротехнички средства

По преземени мерки и активности на подрачјето на СВР Скопје и СВР Битола во изминатите неколку дена со цел спречување на нелегалната продажба и употреба на пиротехнички средства кај две лица пронајдени се над 55,000 парчиња пиротехнички средства.

Кај Р.Е.(29) од Скопје и А.М.(36) од Битола пронајдени се над 52,000 парчиња петарди, над 400 парчиња ракети, околу 3,000 распскувачки материи, динамит и друго.

По целосно документирање на настаните против двете лица ќе бидат поднесени кривични пријави за сторено кривично дело „недозволено изработување држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ предвидено и казниво по член 396 од КЗ на РМ.

Министерството за внатрешни работи продолжува со мерки и активности со цел санкционирање на ваквите кривични дела.