Запленети околу 4000 пиротехнички средства во Дебрца
На 23 и 24.12.2020 од страна на полициски службеници на СВР Охрид во полициска станица биле повикани Г.В.(39) од с.Белчишта, општина Дебрца, шеф на два маркета во селата Белчишта и Злести и С.Г.(46) од с.Србјани, кичевско, сопственик на маркетите, затоа што при претрес во нив извршен со судска наредба и во координација со Јавен обвинител, биле пронајдени 3.963 разни пиротехнички средства.
Истите се одземени и по целосно документирање на случајот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна кривична пријава.