Започна 12-тата Меѓународна конференција од областа на безбедноста
Вчера, во Охрид започна 12-тата по ред Меѓународна конференција од областа на безбедноста, во организација на Факултетот за безбедност при Универзитетот „Св.Климент Охридски“. Темата на овогoдинешната конференција е „30 години независна македонска држава“.
На свеченото отворање свое излагање имаше градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески, кој посочи дека токму преку ваквите научно академски собири се трасира патот кон стабилна безбедносна иднина за државата и регионот.
Учество на конференцијата зедоа професори и истражувачи од 12 земји од регионот и Европа, а пријавени се вкупно 50 научни трудови. Конференцијата ќе трае од 13 до 15 септември.