Започна акцијата за генерално чистење на „Зоолошка градина Скопје“
Новиот директор на „Зоолошка градина Скопје“, Ѓорѓи Галетановски најави генерално чистење на зоолошката.
Утринава, екипи на јавните претпријатија „Паркови и зеленило“ и „Комунална хигиена“ започнаа со расчистување на високите треви, живеалиштата, како и ботаничката градина во Зоолошката градина. На терен беа лично и директорите на претпријатијата, Адриан Муча и Абдусамед Шабани кои најавија дека ќе продолжи соработката со „Зоолошка градина Скопје“ се до нејзино финално расчистување. ЈП „Комунална хигиена“ донираше и 50 канти за отпадоци кои се неопходни за Зоолошката.
Ова е првиот чекор од проектот „Европска Зоолошка за европско Скопје“, а ќе се работи интензивно се до конечно расчистување на омиленото катче на најмладите. Напоредно се работи и на нови инвестиции кои ќе придонесат за благосостојба на животните, како и за усовременување на постојните живеалишта.