Започна бербата на грозје во неготинскиот и кавадаречкиот регион
Започна бербата на грозје во неготинскиот и кавадаречкиот регион. Лозарите велат дека грозјето оваа година е со одличен квалитет и се надеваат на повисоки откупни цени. Со години откупните цени не се променети 13ден/кг за вранец и 11 ден/кг за смедеревка.
Националната Федерација на фармери на лозарите им посака успешна берба, се одвиваат и преговори за повисоки цени.