Започна целосната реконструкција на двата санитарни јазли во ООУ „Св.Климент Охридски”
ООУ „Св.Климент Охридски” – започна целосна реконструкција на двата санитарни јазли (тоалетите) во одделенска настава.
„Со оваа мерка значително ќе се подобрат условите во нашето училиште. Кабините ќе бидат изработени со компалт плочи со согласно највисоките европски стандарди за хигиена и естетика. Тоалетите ќе бидат целосно реконструирани согласно изготвениот проект од овластена компанија, средствата се обезбедени од страна на Општина Охрид и се во вредност од 1 800 000 денари.“ – соопштуваат од ООУ „Св.Климент Охридски” Охрид.
Училиштето истакнува голема благодарност до Градоначалникот на општина Охрид, д-р Кирил Пецаков.
WebOhrid / 08.11.2024 / ООУ „Св.Климент Охридски“