Започна четвртиот состанок од проектот „CROSS4ALL“
Денес, во хотел Метропол, започна четвртиот состанок од проектот „Cross4All“. На состанокот обраќање имаше градоначалникот Константин Георгиески.
– Целта на овој проект е интегрирање на здравствените и социјални услуги за стари лица и деца, како и нивна рана превенција. Таргет група на проектните активности се здравствените и социјалните работници и ранливите категории на граѓани. Со реализацијата на проектот ќе се набават 3 сета медицинска опрема, 7 сета за локален пилот центар за здравствена и социјална заштита кои услуги ќе даваат на граѓани од ранливите категории во градот. Ваквите и слични проекти на овој придонесуваат за покачување на степенот на здравствена и социјална превенција кај оние каде што е најпотребно, рече градоначалникот Георгиески.
Во рамки на проектот ќе биде спроведен прашалник за испитување на јавно мислење за квалитетот на здравствените и социјални услуги во општината и пооддалечените места. Резултатите ќе ја прикажат реалната слика, а тоа пак ќе помогне во попрецизно таргетирање на граѓаните на кои им се најпотребни ваквите услуги.
„Cross4All“ е проект финансиран од Европска унија, преку ИПА програмата за прекугранична соработка, а се реализира во партнерство со институции од Република Грција.