26/12/2024
Охрид

Започна доделувањето на садови за отпад од пластика и хартија за домаќинства

Ј.П.„Охридски Комуналец” во соработка со Општина Охрид ќе започна со доделување на садови за отпад од пластика и хартија за домаќинства од определени 4 (четири) улици.

Садовите се 120 литарски за депонирање на селектиран отпад и тоа 600 садови (жолти) за депонирање отпад од пластика и 600 садови (сини) за депонирање отпад од хартија за домаќинства од улиците: ,,Будва”, ,,Винковачка”, ,,Прилепска” и дел од ул.,,Железничка” (потег од кружна сообраќајница на ул.„Железничка” пресек со ул.,,Егејска” до сообраќајната клучка на влезот од Охрид-петља од десната страна од улицата).

Садовите за депонирање селектиран отпад од пластика и хартија, вкупно 1.200 садови, се донација од Министерството за животна средина и просторно планирање. Покрај тоа, министерството донира и 56 контејнери со капацитет 1,1 м3 чија намена е депонирање на селектиран отпад од хартија и пластика и истите ќе бидат поставени на фреквентни локации во градот.

Придобивките од оваа акција за селекцијата и рециклирањето на отпадот се повеќекратни. Селекцијата е најдобар начин да се зачува животната средина, се намалува потрошувачката на нови суровини, се намалува користењето на енергијата, се намалува загадувањето на воздухот и водата, а од друга страна неговата реупотреба продуцира профит и намалување на количествата на отпад кои завршуваат на депонија

НАПОМЕНА: Доколку при доделувањето на садовите за отпад од пластика и хартија, корисниците од горенаведените улици не се затекнат во своите домови, должни се во рок од 15 дена да ги подигнат од Р.Е.Механизација ул.,,АСНОМ” бб.


WebOhrid /04.12.2024 / Општина Охрид