Започна изградбата на баскет игралиштето во поранешната касарна „Михајло Апостолски“
Деновиве, започнаа градежните активности за изградба на баскет игралиште во поранешната касарна. Игралиштето е сместено во делот за спорт и рекреација и ќе биде со димензии 22 на 22 метри и површина од 422 м2. Ќе биде поставена специјална подлога за кошарка, а ќе биде опремено со рефлектори , соодветни спортски реквизити и клупи.
Баскет игралиштето се реализира во соработка помеѓу општина Охрид и Агенцијата за спорт и млади. Дополнително општина Охрид, после завршувањето на овој проект, планира да го збогати просторот и со други спортски содржини.