26/11/2024
Македонија

Започна манифестацијата „Студентска музичка пролет“

Од вчера во Скопје, на Универзитетот ФОН и на Американ колеџ се одржува манифестацијата „Студентска музичка пролет“ која со различни содржини ќе се одвива до 27 април…

Манифестацијата започна со предавање на доц. д-р Мира Беќар од УКИМ, „Музиката, јазикот и субјективното искуство“, по што имаше студентска размена на книги и проекција на краткометражниот филм „Најмалото парче“ на Иван Ивановски.

Денес на програма е концерт на „Sweet Rapscallions“, по што следи студентска дебата, „Музиката во современите општества“. Утре, програмата започнува со предавањето на доц. д-р Ивана Трајаноска, „Класичната музика и современиот роман“, по што следи студентска трибина, а програмата завршува со концерт на гудачки квартет на Јовица Илиевски.

„Студентската музичка пролет“, е манифестација која е поддржана од Министерството за култура, и која продолжува на 9-ти април, со предавање и концерт на оперската солистка и професорка Весна Ѓиноска-Илкова. Програмски содржини има и на 18, 19 и 27 април, за кога се најавуваат концерт на „Шикачи“, предавања на Ивана Трајаноска и Мира Беќар, проекција на краткометражниот анимиран филм на Иван Ивановски.