23/11/2024
ОхридСпорт

Започна отворената фудбалска школа во Охрид

На градскиот стадион „Билјанини Извори“, денес започна Отворената фудбалска школа. Учество во фудбалската школа земаат повеќе од 200 деца на возраст од седум до единаесет години, од повеќе градови низ Македонија.

Школата ќе трае пет дена, а е поддржана од Данската фудбалска федерација и Општина Охрид.