22/11/2024
Охрид

Започна поставувањето на првиот асфалтен слој на дел од коловозот на улицата „Абас Емин“

Денеска започна поставувањето на првиот асфалтен слој на дел од коловозот улицата „Абас Емин“ на потегот од крстосницата со улицата „Охридска бригада“ кон крстосницата со улица „Железничка“. На овој потег претходно беа финализирани активностите за поставување на целокупната подземна инфраструктура, беше извршено тампонирање на подлогата и се поставија нови рабници.

Градоначалникот Константин Георгиески заедно со надлежните од Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици, направи увид на денешните активности на терен.

Во рамки на проектот за реконструкција на оваа важна сообраќајница, интензивно се работи на поставување на цевководите од главната линија на атмосферската, фекалната и водоводната мрежа и се врши поединечно приклучување на домаќинствата.

Според планираното, сите предвидени градежни работи на улицата „Абас Емин“ се очекува да бидат завршени пред почетокот на годинешната летна сезона.