Започна проектот „Да ги овековечиме вредностите“
Општина Охрид преку Програмата за култура започна да го реализира проектот –„Да ги овековечиме вредностите“. Целта на проектот е сликање мурали на истакнати охридски дејци, кои оставиле трага во охридската и македонската меморија.
Согласно предвидениот буџет, проектот започна со цртање на ликот на Григор С. Прличев – симболот на македонската гордост, истрајност и непокор, поетот кој со своите вонвременски дела Сердарот и Скендербег ја извиши Македонија во врвот на светската литературра, покажувајќи и докажувајќи дека за пишаниот збор нема граници.
Муралот е нацртан на западниот ѕид на НУ Библиотека Григор Прличев во непосредна близина на НУЦК Григор Прличев – двете институции кои го носат неговото име.
Муралот е дело на академскиот уметник Горан Ристоски.
WebOhrid / 26.06.2024 / Општина Охрид