Започна реализацијата на уште еден капитален проект во општина Дебрца
Започна реализацијата на уште еден капитален проект во општина Дебрца. Се работи за реконструкција на две улици во село Мешеишта, во должина од 998 метри.
„Со проектот се планира машинско стругање и машински ископ на постојната асфалтна површина, тампонирање, асфалтирање, уредување на дел од банкините со бекатон плочки-тротоари, решавање на проблемот со одводнувањето долж улиците (изградба на бетонски канали, бетонски каналети, цевасти пропусти, бетонски плочи, метални решетки ), уредување на просторот пред селската чешма.“- вели градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески.
Изведувач на градежните работи е АДГ Илинден Струга. Вкупната вредност на работите изнесува 9.061.907,67 денари без ДДВ или 147.000 ЕУР. Средствата се обезбедени од грант на ЕУ ИПА.