Започна состанокот на Мицкоски со унгарскиот премиер Орбан
Започна средбата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Средбата се одржува во унгарскиот главен град Будимпешта, а заедно со Мицкоски е и потпретседателот на партијата Александар Николоски.
Средбата на Мицкоски со Орбан доаѓа откако во текот на неделата првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ во Брисел оствари средби со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика Федерика Могерини, еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, како и низа други европратеници.