Започна турнирот во мал фудбал „Петровден 2018“ Мешеишта
Синоќа во Мешеишта започна 44-то издание на Турнирот во мал фудбал „Петровден 2018”. Годинава на турнирот ќе настапат 30 екипи поделени во 8 групи од кои 6 групи со по 4 екипи и 2 групи со по 3 екипи.
„Традиција која трае и мора да ја негуваме. Во нашата програма ветивме дека ќе ја зголемиме финансиската поддршка за спортот во општината и тоа го правиме. Општината финансиски ги поддржува сите спортски манифестации во општината ( турнири во мал фудбал и други спортски средби ).“- вели градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески.
Од оваа година градоначалникот е покровител на фудбалските турнири „Петровден” Мешеишта и „Богородица Куп” Волино и ќе обезбеди буџетски средства, во износ од по 60.000 денaри за организацијата на најреномираните турнири во мал фудбал во општината.
„Фудбалот е повеќе од игра. Нека не обедини радоста што ја носи фудбалот.“ – додава Ногачески.