Започна второто издание на ОВФ пливачкиот митинг
Како дел од програмата на второто издание на Ohrid Water Festival, на градскиот базен „Атина Бојаџи“ беше означен почетокот ОФВ Пливачкиот митинг кој го организира Пливачкиот клуб „Акваспирит“ од Охрид.
На официјалното отворање на настанот во името на Општина Охрид учесниците ги поздрави Советникот во Советот на Општина Охрид, Наум Јамандиев. Во текот на двата натпреварувачки дена предвидени се трки во две дисиплини, по што следува свеченост за доделување на наградите на најдобрите пливачи во машка и во женска категорија.
WebOhrid / 24.08.2024 / Општина Охрид