Започнаа активностите за преместување на спомен-обележјето на Григор Прличев
Во тек се работни активности за преместување на спомен обележјето на Григор Прличев на нова локација, во непосредна близина на НУ Библиотека „Григор Прличев“ и НУ Центар за култура „Григор Прличев“.
Овие активности се реализираат согласно одлуката бр.08- 815/4 од 31.01.2020 година за преместување на спомен- обележјето на Григор Прличев и одлуката за утврдување локација за поставување на истото бр.08-5333/11 од 29.06.2020 година кои ги усвои Советот на Општина Охрид.
Покрај поставувањето на споменикот, на новата локација (КП 15443/1 во КО Охрид 3) со површина од 25м2 е предвидено партерно и хортикултурно уредување, без нарушување на автентичноста на просторот. Спомен- обележјето се преместува поради тоа што во близина на претходната локација се наоѓаат подземни контејнери.
Градежните активности за преместување на споменикот ќе ги изведува ЈП „Градски гробишта“ Охрид.