Започнува фестивалот на вино и сирење во Охрид
Вечерва на плоштадот „Чинар“ во охридската чаршија ќе биде отворено годинешното издание на фестивалот на вино и сирење. На типизирани штандови своите производи ќе ги претстават производители од Македонија и Албанија. Фестивалот продолжува и утре.
Во прилог, програма од настанот…
ПРОГРАМА ФЕСТИВАЛ ВИНО И СИРЕЊЕ
10-11 АВГУСТ, 2018 ОХРИД, – мал плоштад Крушевска Република
- Прв ден (10.08.2018) Петок
17:00 Поставување на штандовите и распоред на учесниците
21:00 Свечено отворање и поздравен говор на претставник од локална самоуправа на општина Охрид
21:15 Презентација и дегустација на производи збогатена со музичка програма (Ансамбл Билјана Јуниор)
24:00 Затворање на прв ден фестивалот
- Втор ден (11.08.2018) Сабота
17:00 Продолжување на манифестацијата
21:00 Презентација и дегустација на производи збогатена со музичка програма (Оркестар Климе Садило)
24:00 Затворање на фестивалот