Започнува најатрактивната музичка недела во Охрид
Започнува најатрактивната музичка недела, за сезонава.
Охрид и годинава ќе ја живее најдобрата и најатрактивната музичка недела, од 01 до 04 август годинава. Тоа, пред се, се однесува на понудата на Авалон продукција, во рамки на фестивалот Ohrid calling, кој прераснува во македонски музички бренд. Ивана Нолчева од продукцијата вели дека фестивалските вечери годинава ќе бидат збогатени со врвни ми музички имиња, како што се Фед ле Гранд, Робин Шулц, Стив Аоки, Вени Вици и други. “Низ годините, фестивалот привлекува особено внимание, со посетеност на публика од земјата, регионот па и целиот свет. Годинава, според продажбата на билетите, очекуваме 50.000 посетители за сите четири вечери, од кои 5000 странски посетители дневно”, рече Нолчева. Таа, исто така, додаде дека годинава и сцената ќе биде спектакуларна, со најсовремени технички и визуелни ефекти.
Оваа година, традиционално, свои настапи ќе имаат и домашните ди-џеи, Александар Галоски и електра дуото Бојан и Андреј Сирилик, кои очекуваат исклучително богата програма, до раните утрински часови.
Билетите за настанот се достапни на веб страната на Авалон продукција, www.avalon.com.mk и на продажните места на продукцијата, низ земјава.