12/02/2025
Охрид

Започнува новиот циклус од програмата ЦКА-ПХВ

Започнува новиот циклус од програмата ЦКА-ПХВ (Црвен крст во акција-промоција на хумани вредности) која повеќе од 20 години се реализира во Црвен крст Охрид како дел од националната програма на Црвен крст на Р.С. Македонија.

Секоја година околу 30 младинци на возраст од 14 – 18 години добиваат обука и се оспособуваат за работа на терен, односно како да ги истражат потребите на заедницата, како да дојдат до целната група и како да им помогнат на оние на кои помошта им е најпотребна, притоа правејќи мали проекти, но од огромно значење за заедницата.

ШТО Е ЦКА-ПХВ?

ЦКА-ПХВ (Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности) е национална програма која се реализира во сите Општински организации на Црвен крст целата држава. 

КОЈА Е НАШАТА ЦЕЛ?

Целта на оваа програма е да се мобилизираат младите на возраст од 14-18 години да стекнат соодветни знаења и вештини кои понатака ќе ги применат во изработка на проекти преку кои се гради взаемно разбирање, толеранција и култура на дијалог, како основен предуслов за создавање на интеркултурно општество и воедно се помага на ранливите категории на граѓани во локалната заедница.

Ги покануваме нашите млади сограѓани да бидат дел од тимот на ПХВ младинците и ја искористат можноста за надградба на своите вештини и знаења, истакнување на хуманоста и емпатијата, практикување на толеранцијата и солидарноста.

Пополнете ја пријавата на линкот и влезете во најголемото семејство на хуманоста

https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSedYSvYJ_HtTM9mcktzyslQJEDWDjr3VJQK1NdDaQbDPxXQhA/viewform