26/11/2024
Охрид

Започнуваат градежни активности за реконструкција на улица „7-ми Ноември“

Од утре 30.08.2023 (среда) започнуваат градежни активности за реконструкција на улица „7-ми Ноември“.

Проектот опфаќа изградба на нова атмосферска канализација, нови тротоарски површини и велосипедски ленти со автентичен материјал (украсен речен камен), спуштање на водовите на кабелските и другите оператори и реконструкција на коловозот. Вредноста на проектот изнесува 39 милиони денари, а изведувач на градежните активности е АД „Илинден“ Струга.

Се молат граѓаните што живеат и гравитираат на овој дел од градот да се придржуваат до новиот сообраќаен режим.