Засилени акциски сообраќајни контроли на подрачјето на СВР Охрид
На 27.06.2021 година од 09 до 14 часот, на подрачјето на СВР Охрид, реализирани се засилени акциски сообраќајни контроли. Притоа, полициските службеници регистрирале и санкционирале 48 возачи на моторни возила кои, во населено место ја пречекориле дозволената брзџина на движење (Охрид-06, Струга-12, Кичево-25, Дебар-05) и 56 возачи кои, надвор од населено место управувале со поголема брзина од пропишаната (Охрид-41, Струга-02, Дебар-13). Воедно, евидентирани се вкупно 29 прекршоци, најчесто неносење на заштитен шлем, сторени од возачи на мотори (Охрид-13, Струга-05, Кичево-08, Дебар-03), на кои, изречени им се соодветни санкции. Акциските контроли во сообраќајот ќе бидат интензивирани со цел, доследно почитување на сообраќајните правила и прописи и избегнување на сообраќајни незгоди.