26/11/2024
Охрид

Заштита на пчелите поради планираното прскање против комарци

Согласно Законот за заштита  на населението од заразни болести (Сл. весник на РМ 66/2004, 139/2008 и 99/2009,  149/2014  и 150/2015), а врз основа на одлуката на Советот на Општина Охрид за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општина како општа противепидемиска мерка Општина Охрид го издава следното  соопштение:

Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Охрид  дека  на   ден  19.07.2021 год.  (понеделник)   ќе  се спроведе теристичка (од земја) дезинсекција против комарци. Запрашувањето ќе се врши во период од 21 до 06 часот.

Теренијалното запрашување ќе се врши на територија на град Охрид и крајбрежниот појас на потег од с.Подмоље до х.Парк и подножјето на планината Галичица (нас. Б.Извори), како и на потег од река Грашница, Коселска Река, крајбрежје од автокамп Љубаништа до комплекс Св.Наум

Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги превземат соодветните мерки за заштита на на пчелите.

Во случај на појава на неповолни временски услови  (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.