22/11/2024
Македонија

Заштитни насипи на Зајашка река во Кичево

Поради интензивни врнежи од дожд во текот на вчерашниот ден кој го зафатија Кичевскиот регион и по пријави од граѓани во вечерните часови, постои опасност од поплавување на населбата кај улица „Прилепска“ која е најкритичен регион од ваков ризик, бидејќи се наоѓа до Зајашка река.

Во координација на РЦУК Кичево, со ДЗС Кичево и општината Кичево се премина кон превентивни мерки за спречување на поплавување на населбата. Беа донесени два трактори од ЈП „Комуналец“ со песок и вреќи од ДЗС Кичево кои за брзо време беа наполнети и од активното населението од таа населба. Од вреќите се направи насипи за заштита од реката на критичните точки.

Денес од утринските часови работи градежна машина на фирмата „Вардарградба“ во соработка со ДЗС ПО Кичево. Во моментот нема опасност од излевање на реката.

По пријава на граѓани на бесплатниот телефонски број за итни повици 195 за поплавување на подрумски простории на улица „Трајан Дејаноски“, известени се Општина Кичево и ДЗС Кичево кои ќе интервенираат на истите со нивни пумпи за отпумпување на водата.