12/02/2025
Охрид

Затекнати малолетници по полноќ во повеќе угостителски објекти

На 08.02.2025 во 00:50 часот, полициски службеници од СВР Охрид спроведоа акциски контроли во повеќе угостителски објекти во Охрид за откривање малолетници кои престојуваат подолго од законски дозволеното време.

Притоа, во неколку објекти евидентирано е присуство на малолетни лица по 24 часот, поради што на правното и одговорното лице во објектите ќе им бидат поднесени соодветни пријави.


WebOhrid / 08.02.2025 / СВР Охрид