Затворен угостителски објект во Арачиново, приведен сопственикот
На 08.01.2021 полициски службеници од ЕВР,ОКР Гази Баба,Единицата за интервентна полиција и ПО Арачиново во соработка со Државниот пазарен инспекторат во 21,20 часот извршиле контрола во чајџилница во с.Арачиново и констатирале дека објектот работи и има повеќе гости. Во чајџилницата е затекнат и сопственикот А.Б. (25) од с.Арачиново и тој е приведен во ПО Арачиново, а по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава по чл.206 од КЗ. Објектот е затворен од инспектори на ДПИ.