23/11/2024
Македонија

Затворен угостителски објект во Кичево поради непочитување на мерките за заштита од Ковид 19

На 08.03.2021 во периодот од 19.00 до 22.00 часот, полициски службеници од Полициската станица Кичево во содејство со Државниот пазарен инспекторат извршиле контрола во повеќе угостителски објекти во Кичево во врска со превенција и заштита од Ковид 19, како и почитување на протоколите за работа на угостителските објекти.

При контролата, непочитување на протоколите за превенциja и заштита од Ковид 19 биле констатирани во еден угостителски објект на бул.„Ослободување“. Објектот бил затворен од Државниот пазарен инспекторат,а по целосно докумнетирање на случајот ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик – „непостапување според здравственит епрописи за време на епидемија“.