Затворен за сообраќај патниот правец Охрид – Струга, од Подмоље до Еврохотел
Почнувајќи од денес (16.02.2019), поради изведување на градежни работи на пат, регионалниот патен правец Р1208 Охрид – Струга, на делот од с.Подмоље до Еврохотел – Струга, ќе биде затворен за сообраќај за сите видови на возила до завршување на градежните работи.
На самото место ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.