23/11/2024
Охрид

Затвореник предизвикал пожар во собата во која бил сместен во охридскиот затвор

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ч.Р.(20) од Виница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,предизвикување општа опасност”.

Пријавениот, кој се наоѓа во Казнено-поправната установа Охрид на издржување затворска казна, на 05.08.2018 година во 21:45 часот во КПУ – Затвор Охрид, од неизгасната цигара предизикал пожар во собата во која бил сместен.