Завршена Втората ревизија на СТО
Светската трговска организација (СТО) даде високи оценки за трговската политика која ја поддржуваат спроведените реформи, за забележителниот економски раст и подобрувањето на конкурентноста на земјата во изминатите шест години.
Од 15 до 17 јули во седишетето на СТО во Женева земјата ја презентираше втората Ревизија на трговската политика. Како што беше забележано во завршните наоди на земјите членки на СТО, земјата направила особен напредок во подобрување на бизнис регулативата во насока на подобрување на условите за домашните и странските инвеститори. Од членките на СТО поздравени беа мерките кои што се превземени во однос привлекување на странски инвестиции, имплементирањето на новата царинска регулатива која е усогласена со европското законодавство, прогресот кој што е направен во транспортната политика каде се даде можност за целосна функционалност на Коридорот 10 и забрзаното темпо на железничкиот дел од Коридорот 10, како и тоа дека Коридорот 8 е интензивна фаза на реализација.
Како многу позитивна реформа која што во изминатите две години е направена се стартешките документии во областа на индустриската политика, конкурентноста, женското претприемништво, подршката на малите и средни претпријатија, земјоделската политика, индустриската сопственост и транспортната политика. Преку овие документи се потврдува дека Република Северна Македонија развива механизми како да се носи на повисоко ниво од домашното.
Членките на СТО ги нотираа напорите и успехот на земјата во решавање на спорот со името со Грција кој ги отвори вратите на земјата за поголема регионална соработка.
Порачаа Република Северна Македонија да продолжи да чекори цврсто на патот за подобрување на економијата. Членките покажаа интерес за реформите кои се прават во делот на подобрување на пазарот на труд, за намалување на сивата економија и реформите во јавната администрација, како и даночниот систем, за кои во порачаа дека во иднина треба да бидат главен фокус на економските политики на Владата.
Следната ревизија треба да биде за шест години, но доколку Северна Македонија стане членка на Унијата, тоа нема да се случи. Нашата земја е членка на Светската трговска организација од април 2003 година.