Завршено реновирањето на одделот за внатрешни заболувања со пнеумофтизиологија при ЈЗУ Општа болница Охрид
Интерното одделение при ЈЗУ Општа болница се карактеризира со висока фрекфенција на пациенти како од нашиот град така и од регионот, кои добиваат амбулантска и интрахоспитална нега. Последен пат одделот бил реновиран во 1978 год., а со овај зафат беше опфатено осовременување на болничките соби, работните простории, кабинетите, санитарните јазли и замена на надворешната столарија.
Преку реализација на овој проект се подобруваат квалитетот на здравствените услуги и условите за работа, се намалува ризикот за интрахоспитални инфекции и се зголемува енергетската ефикасност.
Вкупната вредност на проектот изнесува 4.500.000 денари обезбедени од сопствена и од донаторска сметка.
В.Д. Директорот Спец Д-р Горан Маркоски изрази благодарност до донаторите: “Пе-Пулс”, “Отпад-Охрид”, “АСП-ПАК”, Кибопласт инжинеринг”, “Инфо-Биро ДОО”, како и до вработените на интерното одделение за нивната лична заложба.
WebOhrid / 19.02.2025 / ЈЗУ Општа болница Охрид