Заврши 31-та седница на Советот на општина Охрид
На одржаната 31-ва Седница на Советот на општина Охрид советниците едногласно ја усвоија Предлог – одлуката за дополнување на одлуката за времен прекин на донесување и спроведување на урбанистички планови и постапки за утврдување правен статус на бесправно изградени објекти. Советниците дадоа „зелено светло“ за Предлог – одлуките за усвојување на годишните извештаи за работа и материјално и финансиско работење на основните и средни училишта во Охрид и ЈОУДГ „Јасна Ристеска. На Седницата беа усвоени и годишните програма за работа на сите воспитно образовни установи во градов и на ОЈУ „Кузман Шапкарев“,а беше усвоена и Предлог – одлука за давање согласност на одлуката за утврдување на работното време на вработените во ЈОУДГ„Јасна Ристеска“.
Усвоена беше и дополнетата Предлог одлука за усвојување на програмата за одбележување значајни настани и истакнати личности со спомен-обележја за период од пет години (септември 2019 – септември 2024) . Изгласана беше и Предлог-одлука за определување на ширина на крајбрежен појас на дел од река Чардашница, која ја тангира границата на општ акт за село Велгошти КО Велгошти, општина Охрид, а се изгласа и предлог одлуката за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу општините Охрид и Дебрца.
Советниците не ги изгласаа, Предлог – одлуката за усвојување на финансискиот извештај на МЈП„Проаква“ – Струга Р.Е. „Водовод“ – Охрид за периодот од 01.01. до 30.06.2019 година и информацијата за спроведување на утврдените тарифи – водоснабдување за 2018 година на МЈП „Проаква“ – Р.Е. Водовод Охрид, а повлечена од дневен ред беше Предлог – одлуката за измени на планот за вработување за 2019 година на ЈП „Билјанини Извори“.