Заврши 38-та Интернационална уметничка колонија „Дебрца 2023“
На 13 август, во селото Белчишта, општина Дебрца, заврши 38-та Интернационална уметничка колонија „Дебрца 2023“. Годинава, најстарата ликовна колонија во Македонија, беше посветена на нејзиниот основоположник, неодамна починатиот педагог и ликовен уметник, Ѓорѓија Целески, додека неговото дело продолжува во рацете на новото раководство под менторство на внуката на основоположникот, Мартина Целеска.
Колонијата се оддржа во уметничката галерија која е отворена во 1985 година, а обновена во 2005 година и најново реновирана оваа година 2023.
На интернационалната уметничка колонија „Дебрца“, твореа 10 ликовни уметници и тоа:
1. Маестро Јордан Манасиески – Охрид
2. Маестро Ставре Димотров Стадим – Скопје
3. Маестро Запро Запров – Скопје
4. Г-дин Војдан Запров – Скопје
5. Натали Николоска – Скопје
6. Андреј Антевски – Куманово (најмладиот учесник на овогодинешната Колонија)
Странски автори:
1. Леетив Намдаг Жанчивин – мистер Ли (монголскиот конзул)
2. Петар Бељашки – Бугарија
3. Велислава Пежгорска – Бугарија
4. Светлана Соло Орлова – Русија.
Интернационалната уметничка колонија „Дебрца“ што заврши на 13 овој месец, има најбогат фонд уметнички дела во земјава и располага со над 700 ликовни дела од врвни уметници од Македонија и светот што претставува, непроценливо македонско и светско културно наследство.
WebOhrid / 14.08.2023 / Интернационална уметничка колонија „Дебрца 2023“