Заврши акцијата „Цветни балкони – цветен Охрид“
Мештаните од селата Велгошти, Лескоец, Косел и Долно и Горно Лакочереј, каде се спроведува акцијата „Цветни балкони – Цветен Охрид“, претпладнево покажаа голем интерес и дојдоа да подигнат жардиениери со саксиско цвеќе од расадникот на ЈП „Охридски Комуналец“ Охрид.
Граѓаните при прием на цвеќето со себе треба да понесат копија од лични документи (лична карта или пасош) за идентификација од кои ќе биде видлива адресата на живеење.
Во рамките на акцијата ќе бидат поделени 400 жардиниери со саксиско цвеќе, а истата се реализира денес и во текот на утрешниот ден во периодот од 9 до 13 часот.
Акцијата „Цветни балкони- цветен Охрид“ Општина Охрид ја организира традиционално во рамки на одбележувањето на 5-ти Јуни-Светскиот ден на животната средина.
WebOhrid / 02.06.2022 / Општина Охрид