25/11/2024
Охрид

Заврши четириесет и деветтата седница на Советот на општина Охрид

Советот на општина Охрид денес ја одржа четириесет и деветтата седница со единствена точка на дневен ред Предлог одлука за намера за реализација на проекти по пат на долгорочно домашно задолжување на општина Охрид во рамки на вториот проект за подобрување на општинските услуги (MSIP2). Советниците едногласно ја прифатија одлуката.

По исцрпување на дневниот ред заврши четириесет и деветтата седница на Советот на општина Охрид.