Заврши четириесет и петтата седница на Советот на општина Охрид
На денешната, четириесет и петта седница, на Советот на општина Охрид, дневниот ред беше надополнет со уште две точки, и тоа Предлог одлука за субвенционирање за купување велосипед на ниво на градот Охрид и Предлог заклучок за трајно решавање на сообраќајот на улица Абас Емин со пресекот на улица Гоце Делчев. Двете точки беа усвоени од страна на советниците.
На седницата беа усвоени Предлог – програмите за измени на програмата за спорт и рекреација за 2020 година. за измена на програмата за активностите на општина Охрид вообласта на образованието за 2020 година. за измени на програмата за социјална заштита за 2020 година, за измени дополнувања на програмата други комунални услуги за 2020 година, програма за измени и дополнување на Развојната програма за изградба на системи за водоснабдување за период од 2020-2022 година, за измени и дополнување на програмата за изградба на сообраќајна сигнализација за 2020 година, за измени на развојната програма за уредување на градежно земјиште за 2020-2022 година.
Советниците на денешната седница ги усвоија и Предлог – одлуките за измена на распоредот на средствата на Буџетот на општина Охрид за 2020 година, за давање согласност на општина Охрид за одобрување финансиска помош за град Нови Пазар – Р.Србија, за давање согласност на одлуката на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ – Охрид за ослободување од партиципацијана деца кои посетуваат градинка, за пренесување на правото на користење на ламинат со подлога и лајсни сопсвеност на општина Oхрид на ОУ „Григор Прличев“ Охрид, одлука за за пренесување на правото на користење на ламинат со подлога и лајсни сопсвеност на општина Охрид на ОУ „Свети Наум Охридски“ с. Пештани- Охрид, за пренесување на правото на користење на ламинат со подлога и лајсни сопсвеност на општина Охрид на ОУ „Свети Климент Охридски“ Охрид,
На седницата беа усвоени Предлог измени и дополнувања на развојната програма за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Охрид 2020-2022. Предлог заклучок за усвојување на информацијата за изготвената студија за валоризација на просторот на Студенчишко Блато заради негово прогласување за заштитено подрачје. Предлог одлука за предлагање прогласување на заштитено подрачје Студенчишко блато во категорија – “Парк на природата”.
Четириесет и петтата седница на Советот на општина Охрид заврши со поставување на советнички прашања.