25/11/2024
Охрид

Заврши четириесет и третата седница на Советот на општина Охрид

На денешната седница дневниот ред од страна на градоначалникот беше надополнет со уште четири точки, и тоа предлог одлука за утврдување приоритети на проекти за водоснабдување на Охрид и населените места од поранешната општина Косел со вода од изворот Дувло, предлог одлука за утврдување на реоните од кои се запишуваат учениците во основните училишта во општина Охрид, предлог одлука за давање согласност на општина Охрид за одобрување на финансиска помош за имплементација на проект „Квалитетно здравје“ и предлог одлука за давање согласност на одлуката за отпис на побарувања. Сите точки од надополнувањето на дневниот ред беа усвоени од страна на советниците.

На седницата беа усвоени предлог програмите за измени на програмата за финансиските потреби на ТППЕ Охрид за 2020 година, за измени на програмата за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид за 2020 година, за измени на програмата за за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид за 2020 година,за измена на програмата за активностите на општина Охрид во областа на образованието за 2020 година, за измени на програмата за детска заштита за 2020 година, за измени на програмата за култура за 2020 година, за измени на програмата за спорт и рекреација за 2020 година, за измени   на  програмата за подигање и одржување  на паркови и зеленило за 2020 година, за измени на  програмата за одржување на  јавна чистота за 2020 година, за измена на програмата за јавно осветлување за 2020 година, за измени  на развојната  програма за уредување на градежно земјиште за 2020 – 2022 година, за изменување и дополнување на Буџетот на ЕЛС Охрид за 2020 година, за изменување на  одлуката за спроведување мерки за субвенционирање  на трошоци за комунални услуги.

Советот на денешната, четириесет и трета седница ги усвои и предлог одлуките за давање согласност на општина Охрид за учество во хуманитарната акција од ОО – Црвен крст Охрид, за давање на времено користење на недвижен имот на Црвен крст Охрид, за давање на времено користење на недвижен имот на JП „Билјанини Извори“ Охрид, за измени и дополнување на годишната програма за поставување урбана опрема во општина Охрид за 2020 година.

Исто така беа усвоени предлог одлуките за прифаќање на иницијативата за експропријација на градежно земјиште Кп.бр.1317/2 и 1318/2 КО Пештани,  градежно земјиште Кп.бр.9992/1 КО Охрид 2, градежно земјиште Кп.бр. 5406/4 и др.  КО Охрид 4 и градежно земјиште Кп.бр. 408  и др. и одземање на корисничко право на Кп.бр. 407 и др. сите  во КО Велгошти.

На седницата беа усвоени и предлог одлуките за утврдување нацрт – детален урбанистички план за УЗ 2, дел од УБ 2.3 – опфат 5, КО Охрид 3 општина Охрид, плански период 2013 – 2023, за давање согласност на одлуката за  измена на одлуката за утврдување на висината на надоместокот на услугите за паркинг простор што ги врши ЈП Градски Пазар- Охрид, за давање согласност на одлуката за усвојување на Годишниот извештај за спроведување на утврдените тарифи за водоснабдување за 2019 година за  JП „ВОДОВОД “- Охрид, за давање согласност  на  одлуката  за усвојување на бизнис планот за водни  услуги  за  ЈП„Нискоградба” –Охрид за период 2021-2023 година.

Предлог  одлука за давање согласност за склучување Договор за физичка делба на имотот стекнат по пат на јавно приватно партнерство-Градски Пазар Охрид, беше повлечена од дневниот ред.

Со исцрпување на дневниот ред заврши четириесет и третата седница на Советот на општина Охрид, која и овој пат беше одржана преку конференциска врска.