22/11/2024
Охрид

Заврши четириесет и втората седница на Советот на општина Охрид

Советот на денешната четириесет и втора седница ги усвои предложените одлуки за изменување на Oдлуката за утврдување на висината на надоместокот (закупнината) за поставување урбана опрема во општина Охрид за 2020 година, за изменување на Одлуката за утврдување на висината на комуналната такса за користење на просторот пред деловните простории за вршење дејност и предлог заклучоците за зголемување на вкупниот износ на субвенцијата за трошоци за комунални услуги  за граѓаните изложени на социјални ризици за периодот додека трае вондредната состојба, како и 3 месеци по  нејзиното завршување и бесплатно отстапување на големата сала во општината за склучување на бракови.

Исто така беше усвоена предлог одлуката за годишната програма за измени и дополнување на годишната програма за поставување урбана опрема во општина Охрид за 2020 година и одлука за давање согласност на идлуката за усвојување на годишниот извештај за спроведување на  утврдените тарифи за одведување на отпадни води за 2019 година за  ЈП „Нискоградба Охрид“ – Охрид.

Со исцрпување на дневниот ред четириесет и втората седница на Советот на општина Охрид заврши. Оваа седница се одржа преку конференциска врска согласно препораките и мерките за заштита од Ковид19.